Според истражувањето спроведено од SWOT Research во соработка со професионални тајни купувачи, вработени во ДХЛ Експрес, Единство, ЕВН и ЕЛЕМ се најдобрите деловни асистенти во Македонија.
Ова истражување е наменето за оценување на работата на деловните асистенти на генералните менаџери или пак на компанијата. Вкупните резултати покажуваат за 15% подобрување на квалитетот на комуникацијата на деловните асистенти.
Истражувањето, кое беше спроведено од 10 август до 20 септември годинава, има за цел да даде објективна слика за нивото на услуга кое се нуди од страна на деловните асистенти, развивање на свеста за важноста на деловниот асистент, како и за подигање на квалитетот на услугата и комуникациски вештини на деловните асистенти.
При реализирањето на јавувањата, земени се в предвид првиот контакт со деловниот асистент, идентификување и задоволување на потребите од страна на деловниот асистент, услугата и завршниот контакт.
Според испитаните елементи 66,86%, укажуваат дека квалитетот на телефонската комуникација на деловните асистенти е на задоволително ниво. Ниту еден испитан елемент не забележува ниски резултати, односно под 50%, додека во категоријата услуга се забележуваат високи резултати над 90%. Повисоки резултати се забележуваат во компаниите над 500 вработени.
Раст од 15% има кај квалитетот на телефонската комуникација на деловните асистенти. Шеснаесет проценти од случаите се претставиле кога одговориле на телефонскиот повик, во помалку од 30% поставиле какво било прашање со цел да ги идентификуваат потребите на тајниот клиент и 7,6% побарале контакт за понатамошна комуникација, а 23% се заблагодариле на тајниот клиент.
Генералниот директор на SWOT Research Марко Радоњиќ посочува дека и покрај подобрувањата во однос на процентуалните вредности на минатогодишното истражување на македонските деловни асистенти, потребна им е доедукација и приближување до светските стандарди при телефонска комуникација.