Делта сојот голема закана за глобалната економија

25

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен изрази загриженост поради делта сојот на коронавирусот би можел да го попречи закрепнувањето на глобалната економија.

“Многу сме загрижени поради делта сојот и другите варијанти на вирусот коишто би можеле да се појават и да му пречат на закрепнувањето. Поврзани сме преку глобалната економија, па што и да се случи во било кој дел од светот, тоа ќе влијае и на другите земји“, рекла Јелен.

Таа нагласи дека САД ја потенцираат важноста од заедничка работа на забрзување на процесот на вакцинирање.

Поради делта сојот повеќе милиони жители на Австралија се под карантин, додека во неколку европски земји е регистриран зголемен број на заразени.

Здравствените власти во САД претходно изјавија дека делта сојот наскоро би можел да стане доминантен во земјата.

Фото: Pexels