Делта сојот – голема закана за најголемата европска економија

30

Делта сојот на коронавирусот би можел да ѝ нанесе сериозни штети на економијата поради повторното зголемување на бројот на заболени, предупреди германскиот Институто за економски истражувања.

“Делта сојот е сериозна опасност за германската економија“, рекол Клеменс Фуст, прв човек на институтот.

Според експертите, нема да биде сè изгубено ако бројот на заразени повторно е во пораст поради новиот сој, но економското закрепнување ќе биде одложено, посебно во секторите што веќе претрпеа огромна штета од пандемијата, како што се патувањата и угостителскиот сектор.

Уделот на заразени со делта сојот на коронавирусот во Германија е скоро двојно зголемен во првата недела од јуни, на 6%. Во Велика Британија тој сој сега доминира и покрај забрзаната кампања за вакцинирање.

Да не била пандемијата, економијата би се зголемила во последната година и пол, но наместо тоа, Германија натрупа голем долг.

За германската економија оваа година се прогнозира раст од 3,3%.

Фото: Pexels