Delux – безжично вертикално глувче

200

delux-gluvce

Фото: Kickstarter

Delux е иновативен пронајдок што ќе им биде од голема корист на оние чија работа е поврзана со компјутер и често се жалат на болка во зглобот поради глувчето.

Овој кинески изум ќе им помогне и на сите гејмери кои со часови користат глувче и потоа чувствуваат силна болка во рачниот зглоб. Поради тоа, вертикалното глувче, коешто ги има истите функции како и обичното, ќе ги ослободи од болката.

Delux бара финансиска поддршка на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo. На 17 дена пред крајот на кампањата, Delux досега успеа да собере 16.795 долари иако прво побара поддршка од само 500 долари.