Демир Капија ќе го добие првиот хотел

42

Локалната самоуправа на Демир Капија продаде градежна парцела на којашто ќе се гради првиот хотел во оваа општина, пишува Миа.

“Хотелот ќе се гради на локација на потегот меѓу двете постоечки винарски визби, каде што пак продадовме и една градежна парцела за трета винарија. Тоа е во непосредна близина на клучката за влез во Демир Капија од автопатот Скопје – Атина“, рече градоначалникот на Демир Капија, Трајче Димитриев.

Станува збор за домашна инвестиција. Инвеститорот Гоце Ѓорѓиевски од Скопје најави дека на 1.500 квадратни метри ќе се гради хотел со педесетина легла, ресторан, базен, спа центар, летна бавча и игротека за деца.