Ден на пченицата 2015 во Скопје

21

Во организација на Агроунија, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општината Илинден и со поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска во Скопје ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на пченицата 2015 година.

Најавени се обраќања на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, на претседателот на Агро бизнис комората при ССК и генерален менаџер на Агроунија, Огнен Оровчеанец, на претседателот на ССК, Даниела Арсовска, на градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, како и на деканите на Факултетот за земјоделски науки и храна УКИМ Скопје и Земјоделскиот факултет УГД Штип.

Се очекува на манифестацијата да се дискутира и за тоа како да се зголеми приносот и квалитетот на пченицата и да се намалат трошоците за производство. Ќе биде извршена обиколка на опитните полиња и презентација на македонските сорти пченици, семепроизводство на линиии од сортите Македонска Родна, Балканија, Олга, Подобрена Оровчанка, Осатка, Агроунија Прима, семепроизводството на Трикикале, како и обиколка на макро, микро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите Балкански и Европски сорти.