Неколку интересни информации по повод денешниот Ден на планетата Земја.
Според научниците и нивните пресметки, Земјата е стара околу 4,5 милијарди години.
Земјата патува околу Сонцето со брзина од 30 километри во секунда.
Дијаметарот на планетата Земја изнесува неверојатни 12.800 километри.
Нашата планета има моќно магнетно поле. Овој феномен е предизвикан од нејзиното јадро составено од железо и никел, заедно со брзата земјина ротација. Полето ја штити Земјата од ефектите на сончевиот ветер.
Во најголема мера, Земјата е составена од железо, кислород и силикон. Доколку се одвои во различни делови би се добило 32,1% железо, 30,1% кислород, 15,1% силикон и 13,9% магнезиум.
Само 3% од водата е слатка, додека остатокот 97% е солена вода. Од слатката вода над 2% е замрзната во форма на мраз и глечери, а остатокот, помалку од 1% се наоѓа во езера, реки и под земја.
Во 1922 година, во местото Ел Азизија, Либија е измерена највисоката температура 57,8 степени Целзиусови.
Руската станица Восток измери најниска температура од минус 89,2 степени на Јужниот пол, во 1983 година.
Научниците веруваат дека порано Земјата имала две месечини, но дека помалата со широчина од 1.200 километри се судрила со другата. Овој титански удар може да биде објаснување за фактот дека Месечината има сосема две различни страни.
Коралните гребени се најголеми живи структури, поголеми и од дождовните шуми.
Огромните водени површини на Земјата се богати со злато, се проценува дека содржат повеќе од 20 милиони тони. Доколку тоа би се извадило, секој жител на земјата би имал четири килограми од овој благороден метал.
Фото: Pixabay