По повод Денот на Царинската управа на Македонија – 14 април, денеска ќе бидат презентирани постигнувањата на институцијата во текот на минатата година и активностите за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за заеднички транзит.
На свеченоста во Царинската управа ќе бидат врачени плакети и признанија за успешна соработка.
Најавено е присуство на претставници на Владата, институции, дипломатскиот кор, бизнис заедницата.