Ден по пандемијата – Еве што е најбитно во стратегијата за опоравување на хотелите

249
Хотелите сега се соочуваат со огромна неизвесност и затоа е важно во моменти на неизвесност да бидат сигурни барем во едно – во нивната деловна стратегија.
Секој хотел којшто сега е затворен или се соочува со пад на резервациите поради пандемија, мора да има план за подоцна, пишува Ehotelier.

Најлошо и најдобро сценарио

Не треба да се паничи, туку да се испланираат и контролираат трошоците. Менаџментот сега има многу време да го разгледа најдоброто и најлошото сценарио. Што ако групните резервации значително паднат по пандемија и што да се направи доколку индивидуалните резервации за викенд паднат за 25%, се некои од прашањата на кои треба да се одговори.
Треба да се види како тимовите за маркетинг можат да ги пренасочат планираните промотивни фондови за да обезбедат продажба на нов пазар или да генерираат приходи во алтернативниот сектор.

Да не се намалат цените

Лекциите од претходните кризи покажаа дека иако намалувањето на цените може да придонесе за краткорочни профити, на долг рок може да биде главоболка за хотелите кои се одлучуваат за оваа стратегија. Затоа што кога ќе помине кризата, хотелите кои значително ги намалиле цените ќе имаат проблем со зголемување на побарувачката. Клиентите тешко можат да прифатат последователно зголемувања на цените, предупредуваат експертите.
Кризен  ПР
Хотелите треба внимателно да размислат за одлуките што ги донесуваат сега и да бидат рационални за да не се каат подоцна. И покрај падот на приходите, тие треба да инвестираат во кризен ПР или барем да размислат каква порака им испраќаат на нивните сегашни и идни клиенти во овие периоди. Одржувањето комуникација со гостите преку социјалните мрежи е од суштинско значење.
Нови пакети

Хотелите сега треба да осмислат специјални пакети за да привлечат гости кога ќе помине епидемијата. Размислете кои дополнителни услуги за иста цена можете да ги понудите на гостите и да проследите што прави конкуренцијата, советуваат експертите.

Фото: Pixabay