
Американската економија би можела да регистрира раст од 2,2 проценти во 2027 година, поддржан од стабилната потрошувачка на домаќинствата и континуираните инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција (ВИ), но токму големата зависност од инвестициите во оваа технологија би можела да претставува еден од најголемите ризици за економскиот раст, проценува Банката на Америка (BofA), очекувајќи инфлацијата да забави само умерено и да остане под притисок од тарифите, трошоците за работна сила и цените на суровините.
Според прогнозата на истражувачкиот оддел на Банката на Америка, реалниот бруто домашен производ (БДП) на САД ќе се зголеми следната година за 2,2 проценти, по проценетиот раст од 2,5 проценти во 2026 година, објавува специјализираниот портал за економија и финансии „Investing.com“.
Банката вели дека трошењето на домаќинствата и инвестициите во инфраструктурата за ВИ се двата главни двигатели на домашната побарувачка, но предупредува дека позначајното забавување на инвестициите во ВИ би можело да претставува најголем ризик за американската економија во 2027 и 2028 година.











