Денес почнува Винскиот фестивал 2012

11

Почнувајќи од денес, па се до сабота, Скопскиот саем ќе биде местото каде што ќе се одржува Винскиот фестивал 2012. На четиридневниот фестивал посетителите ќе можат да дегустираат различни видови вино од македонските визби, и да пробаат млечни и месни производи од најдобрите производители во земјава.

Предвидени се попладневни ди-џеј забави кои ќе траат од 17 до 21 часот, а потоа ќе продолжат до 1 часот по полноќ со настапи на повеќе познати имиња од домашната сцена, Силви бенд, Сешн селекшн, Жаклина Стефковска, Стринг форсис, Аренси бенд, Нокаут, Скопски чалгии и Кумановски тамбураши со Нино Величковски.

Учество на Винскиот фестивал, што ќе се одржи во Метрополис арената, ќе земат 30 учесници, винарски визби и производители на млечни и месни производи. Посетителите ќе можат да ги купат нивните производи на самото место. Билетот чини 100 денари, а со секоја купена влезница посетителите ќе добијат и гратис чаша за вино.