Започнува “српски Давос“ на Копаоник

133

Најголемиот регионален бизнис настан, т.н. српски Давос, започнува денеска и ќе трае до 4- ти март. На настанот ќе се соберат повеќе од 1.300 учесници на 28 панели, три пленарни сесии, седум специјални настани, две посебни обраќања на гости и нови формати – два отворени разговори.

Кopaonik Business Forum, меѓу другото, е место на кое се почнуваат конструктивни расправи и анализи на сè што е направено минатата година.

Годинава главниот фокус на форумот ќе биде ставен на четвртата индустриска револуција и промените кои ги носи со себе.

На форумот ќе се соберат српски економски теоретичари, амбасадори, претставници на меѓународни финансиски институции, големи регионални и странски инвеститори, претприемачи, претставници на меѓународните финансиски институции (ММФ, Светска банка, ЕИБ) и други.

Традиционално, специјалното обраќање на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, е планирано за последниот дел од форумот. Првпат на форумот ќе биде реализирано специјално “hard talk“ интервју со Емил Тедески, голем регионален инвеститор, основач и сопственик на Атлантик група.

Фото: kopaonikbusinessforum