Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна со процесот на доделување потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди.
Овие ваучери се наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година. Конкурсот и изборот на корисниците беа спроведени и финализирани од страна на Министерството за економија, кое преку своите комисии направи евалуација и конечен избор на граѓаните кои ги исполнуваат условите, како и избор на правните субјекти каде граѓаните ќе можат да ги искористат овие ваучери.
Ваучерите мора да се искористат до 30 ноември,а по овој рок тие не важат.