Денеска започнува Г7 самитот – земјите од оваа група ќе донираат милијарда вакцини

34

Во Велика Британија денеска почнува тридневен самит на групата седум индустриски најразвиени земји. Во групата позната како Г7 се САД, Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Ова е првиот што се одржува во живо од избувнувањето на пандемијата.

Лидерите на Г7 на самитот ќе ветат дека ќе дистрибуираат милијарда вакцини против Ковид-19.

Лидерите на седумте најразвиени индустриски земји во светот ќе имаат прием и со британската кралица Елизабета Втора.

За американскиот претседател Џозеф Бајден, италијанскиот премиер Марио Драги и јапонскиот премиер Јошихиде Сугу, ова ќе биде прво учество на самитот на Г7. Од друга страна, ова е последен ваков собир за германската канцеларка Ангела Меркел и можеби за францускиот претседател Емануел Макрон.

Самитот ќе трае до недела 13 јуни.

Фото: Facebook