Денеска завршува преземањето на српска Комерцијална банка од НЛБ

56

Процесот на преземање на белградската Комерцијална банка завршува денеска, кога се очекува Нова Љубљанска банка да плати 395 милиони евра во српскиот буџет.

Народната банка на Србија претходно даде согласност на словенечката НЛБ за стекнување со директна контрола врз сопственоста во Комерцијална банка, што создаде услови за реализација на преземањето на Комерцијална банка. Постапката по тоа барање на Нова Љубљанска банка за стекнување сопственост во Комерцијална банка заврши на 9 – ти декември.

Околу 60 милиони евра веќе се исплатени на државата преку дивиденда, а исплатата на заостанатите дивиденди беше еден од условите за затворање на трансакцијата.

Покрај 387 милиони евра, Србија ќе заработи вкупно околу 460 милиони евра за 83,2 % од акциите во државна сопственост до завршувањето на преземањето на Комерцијална банка.

Приватизацијата на Комерцијална банка е дел од договорот на ММФ со Србија, кој истекува на крајот на годината.