Денови на македонскиот мед

17

Започна манифестацијата Денови на македонскиот мед на која медари од цела Македонија ќе ги презентираат своите производи. На улицата Македонија во Скопје, посетителите ќе можат да најдат мед, матичен млеч, полен и прополис, да дегустираа пчелини прозиводи, како и да се запознаат со органското пчеларење преку директен контакт со пчеларите. Манифестацијата се организира по седми пат во организација на Пчеларското здружение Матица под покровителство на општина Центар.