Денови на занаетчиството

45

Под покровителство на Министерството за економија, Занаетчиската комора на Република Македонија денес ги организира традиционалните Денови на занаетчиство.

За време на централната манифестација на тема Со организирано занаетчиство до европска иднина ќе се обрати министерот за економија Ваљон Сарачини, кој ќе ги додели наградите на најуспешните занаетчии.

Планирано е на Денови на занаетчиството да се обратат и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, како и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.