Десет години Рамстор: Инвестиции, раст и вредни проекти ја означуваат децениската работа

24

IMG_4013

Денеска на пладне преку официјална прес конференција се одбележа една деценија од постоењето на Рамстор Мол Во Македонија.

Oвој повод, трговскиот го означува преку три големи проекти: комплетирање на реновирањето на трговскиот – проект вреден 2,5 милиони евра, ребрендирање односно менување на визуелниот изглед на логото на Рамстор и големата наградна игра Од срце Audi Q3, која ќе трае вкупно два месеци.

На настанот, кој се одржа во Рамстор Мол, присуствуваа голем број медиуми, бизнис соработници и потрошувачи. Во официјалниот дел на одбележувањето на 10 годишнината се обратија: генералниот директор на Рамстор, Ајхан Узун, Почесниот конзул на Република Турција во Македонија, Ајдоган Адемовски и Заменик амбасадорот на Република Турција, Синан Ертау.

IMG_3907

Прес конференцијата ја отвори генералниот директор на Рамстор Мол, Ајхан Узун, кој потенцираше дека 10-годишната успешна работа, Рамстор Мол ја мери во милиони трансакции, илјадници задоволни закупци и безброј лојални купувачи. Тој истакна дека новиот бренд идентитет на Рамстор го означува новиот персонализиран пристап на трговскиот центар кон своите потрошувачи.

Почесниот конзул на Република Турција во Македонија, Ајдоган Адемовски, се обрати на присутните и искажувајќи чест што е дел од овој настан. Тој ја честиташе 10-годишнината на Рамстор Мол истакнувајќи го големиот број на работни места и бизнис процеси кои се одвиваат во овој центар вклучително и маркетите.

Заменик амбасадорот на Република Турција, Синан Ертау, во обраќањето ја истакна важноста на Рамстор во секојдневниот живот и дека овој трговски е дел од секое семејство кое живее во Македонија. Исто така ја истакна важноста на Рамстор во развојот на македонската економија.

Денес, Рамстор се простира на површина од 25.000 метри квадратни и има просечна дневна посетеност од околу 20.000 посетители. Политика на трговскиот е да работи 365 дена во година и да понуди содржина која ги надминува границите на традиционалниот шопинг. Процесот на реновирање траеше 8 месеци, се работеше интензивно и како изведувачи се користеа домашни македонски компании. Реновирањето на Рамстор е инвестиција од 2,5 милиони евра.

Рамстор има програма за забава, едукација, музика и многу доживувања кои даваат вредност плус за посетителот. Трговскиот последната година ги помести стандардите за мол маркетингот доближувајќи го трендот на комуникација со посетителите кон светски рамки. Според изјавите на менаџментот на Рамстор, оваа јубилејна 10-годишнина, Рамстор им ја посветува на своите купувачи, како најзаслужни за достигнувањата.