Десет интересни факти за работата

48

Неколку интересни информации за работењето и работниците низ бројки.

calculator-723917_960_720

Фото: Pixabay

Најчест ден за земање боледување е понеделник, освен во Австралија каде четвртокот е резервиран за отсуства.

Спротивно на тоа, петокот е ден кога најмалку вработени отсуствуваат од работа. Луѓето се многу посреќни во петок и атмосферата на работното место е повесела.

Еден работник кој од 20 до 65 години работи 40 часа неделно, ќе изработи 90.000 часови во својот работен век.

Заслугите за првото резиме му се препишуваат на Леонардо Да Винчи.

Најкратка работна недела, само 29 часа, имаат Холанѓаните.

Еден канцелариски работник во просек поминува 50-тина минути на ден во барање на изгубени фајлови и документи.

Ако нивото на хидратација се намали за само 2%, вработениот ќе почувствува потешкотии во фокусирањето пред компјутер, проблем со меморијата, како и потешкотии при решавање на основни задачи.

Дури 46% проценти од вработените нема да постигнат успех во првите 18 месеци на новото работно место. Најчеста причина е неприлагоденоста на корпоративната култура.

Најголем број на луѓе, односно 80%, не се задоволни со својата работа.

Годишно се губат 13.000 милиони работни денови поради болести поврзани со стрес.