Десет прашања што секој претприемач треба да си ги постави

25

sl

Фото: Pixabay

Многу претприемачи, особено во овој период од годината, чувствуваат дека од премногу работи ја губат контролата над распоредот, приоритетите, како и можноста за менаџирање. Тоа чувство не само што е стресно, туку е и знак дека треба веднаш да застанете.

Она што треба да го направите е да одвоите време да се вратите наназад, да рефлектирате некои работи и да навлезете малку подлабоко во суштината на нештата. Потребни ви се само 15-тина минути за да одговорите на следните 10 прашања и повторно да ја преземете контролата во свои раце.

Што е тоа што функционира добро?

Што е тоа што не функционира како што треба?

Што би сакал/а да променам?

Што е постигнато досега?

Што сум научил/а досега?

Дали поставените цели се сè уште оние вистинските?

Што уште треба да знам/научам?

Дали со нешто го саботирам сопствениот успех?

Што треба да почнам да правам, да продолжам да правам и да престанам да правам?

Што е следно?

Ова рефлектирање може да го правите додека џогирате, шетате, возите, медитирате, опуштено лежите во када или за време на било која друга активност или момент на релаксација.

Ако редовно се навраќате на овие десет прашања, на пример еднаш месечно или неколку пати во годината, ќе успеете да го одржите оптималниот пулс на вашиот развој како лидер и да го постигнете напредокот кон кој целите.

Мотивацијата повторно ќе биде доволно силна за вашата визија да ја претворите во реалност.