Десет руски милијардери станаа побогати во 2022 година

148
Business man counting dollar banknote - online business concept

Американскиот магазин „Форбс“ состави листа од 10 руски милијардери кои станале побогати во 2022 година.

На прво место е Влачеслав Кантор, кој поседува контролен пакет акции во рускиот производител на минерални ѓубрива „Акрон“. Магазинот пишува дека Кантор е побогат за 5,3 милијарди долари и дека неговото богатство достигна 13 милијарди долари.

На второто место на листата се најде поранешниот член на Управниот одбор на компанијата „Фос Агро“ Андреј Гурјев и неговото семејство. Богатството на семејството Гурјев се зголемило во текот на минатата година за 4,2 милијарди долари на 11,5 милијарди.

На трето место е сопственикот на инвестицискиот фонд „DST global“ Јуриј Милнер, чие богатство се зголеми за 2,5 милијарди на 7,3 милијарди долари.

На листата на 10-те најбогати бизнисмени во Русија се основачот на „Еурохем“ Андреј Мелниченко, заменик-претседателот на Управниот одбор на корпорацијата „ВСМПО-Ависма“ Михаил Шелков, сопственикот на рибарската компанија „Норебо“ Виталиј Орлов, претседателот на Управниот одбор на компанијата ОМК Анатолиј Седих, сопственикот на фармацевтската компанија „Протек“ Вадим Јакуњин и сопственикот на имотните акции во групата „М. Видео-Елдорадо“ на Саид Гуцеријева.