Десетгодишно девојче дизајнира мини – соларно засолниште за 10 долари

31

zasolniste-10-godini

Фото: Youtube screenshot

Десетгодишната Кајли Хилтон го дизајнираше мини соларното засолниште Callie’s Coop за само 10 долари, пишува Inhabitat.

Засолништето на Кајли е опремено со соларен панел, систем за собирање на дождовницата и тоалет што го компостира отпадот. Callie’s Coop е лесно пренослив, што и самата Кајли може да го пренесе од едно на друго место.

За изработка на засолништето таа користи рециклирани материјали, поради што и неговата цена не надминува 10 долари.

Просторот е поделен на два дела – едниот за спиење, а другиот за складирање на одредени предмети, како што е корпа што служи како тоалет и мал шпорет што добива енергија од Сонцето. Простор за складирање има и на таванот од засолништето, а светлина дава и сијалица од пет волти што се напојува од соларен панел.

Исто така, Callie’s Coop ја собира дождовницата, којашто преку цевки се пренесува во посебен сад.