Десетте најбогати луѓе во полето на финансиите

81

Финансискиот сектор е еден од најпрофитабилните и генерира голем дел од светското богатство.

Луѓето кои владеат со милијарди долари ги водат пазарите на капитал ширум светот, а често и трендовите на берзанските индекси зависат од нивното расположение. Некои од нив овде „пливаат“ со децении и важат за најбогатите луѓе на денешницата.

Во продолжение листата на најбогати луѓе во светот на финансиите, кои Форбс ги класифицира според нивното нето богатство.

1. Ворен Бафет
Убедливо прво место зазема добро познато име – Ворен Бафет, чие богатство се проценува на 120 милијарди долари. И покрај тоа, тој смета дека парите не се мерило за успех. Остатокот од листата изгледа вака:

2. Стивен Шварцман (33,2 милијарди)
3. Џим Симонс (28,6 милијарди)
4. Кен Грифин (27,2 милијарди)
5. Сем Бенкмен Фројд (24 милијарди)
6. Р. Руди Хартоно (23,5 милијарди)
7. Жиом Пусо (23 милијарди)
8. Реј Далио (22 милијарди)
9. Абигејл Џонсон (21,2 милијарди)
10. Даниел Гилберт (21,1 милијарди)