Десетте најбогати луѓе во светот можат да купат вакцини за сите

30

Глобалната организација за борба против сиромаштија, Oxfam соопшти дека за време на пандемијата десетте најбогати луѓе во светот го зголемиле својот капитал за вкупно 540 милијарди долари, додека сиромашните во светот се справуваат со потешкотии во надминување на економските последици од здравствената криза.

Овие пари можат да купат вакцина за секого, а исто така да спречат сиромаштија предизвикана од пандемијата, пренесува BBC.

Според извештајот на британската непрофитна организација Oxfam International, целиот капитал на десетте најбогати луѓе во светот е еквивалентен на износот на сите влади што се дел од Г20, што е планиран за закрепнување на економијата.

Безос, Маск, Цукерберг, Гејтс …

Меѓу десетте најбогати се светски познати имиња како основачот на Amazon, Џеф Безос, шефот на Facebook, Марк Цукерберг, основачот на Tesla и SpaceX, Илон Маск и основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Безос има заработено толку многу од септември, што бил во можност да плати на секој работник во Аmazon бонус од 105.000 долари, а да притоа остане еднакво богат како пред пандемијата. Аmazon вработува повеќе од 1.200.000 луѓе, а 810.000 само во САД.

Oxfam проценува дека поради пандемијата околу 500 милиони луѓе живеат во сиромаштија.

Гејтс донираше 305 милиони, а Безос 125 милиони долари

Многу спортисти, филантропи и претприемачи донираа многу пари за да помогнат во пандемијата.

Коосновачот на Тwitter, Џек Дорси, во април објави дека ќе донира милијарда долари во добротворни цели. Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда донираат 305 милиони долари за вакцини, третман и дијагностика, додека Џеф Безос донираше 125 милиони долари.

Фото: Freepik