Десетте најдарежливи технолошки милијардери

72

Секогаш е добро да се помага на помалку среќните, гладните, болните, сиромашните и на сите оние кои им е потребна помош.

Некој одвојува помалку, некој повеќе, а во продолжение е листата на десетте најдарежливи технолошки милијардери и процентот од своето богатство што го вложиле во хумани цели.

Лорен Пауел Џобс – 0,8%

Вдовицата на Стив Џобс поседува 18,8 милијарди долари од кои што во добротворни цели донирала 150 милиони. Најмногу има вложено во образование на студенти кои не можат да си го дозволат.

Џеф Безос – 1,9%

Моментално најбогатиот човек на светот “тежи“ 112 милијарди долари и од нив донирал 2,14 милијарди. Тој финансира во бездомни фамилии и гради училишни установи.

Лери Елисон – 2,1%

Основачот на Oracle и еден од директорите на Tesla има 58,5 милијарди долари, од коишто донирал вкупно 1,20 милијарди – најмногу во здравство и образование.

Марк Цукерберг – 2,4%

Првиот човек на Facebook поседува 71 милијарда долари, а во добротворни цели донирал 1,72 милијарди. Заедно со неговата жена Присила финансиски помагаат на медицински истражувања и установи и на образование и едукација од различен тип.

Лери Пејџ – 3,1%

Ко-соновачот на Google “тежи“ 48,8 милијарди долари, од коишто досега донирал 1,50 милијарди. Најмногу има донирано во неговата добротворна организација наречена по татко му и во борба против Ебола.

Ма Хуатенг – 4,4%

Тој стои зад највредната азиска компанија Tencent и поседува 45,3 милијарди долари. Од нив, 2,01 милијарда донирал во медицински и образовни цели како и во борбата за здрава животна средина во Кина.

Сергеј Брин –  4,6%

Вториот основач на Google вреди 47,5 милијарди долари од коишто 2,20 милијарди во медицински цели, поточно во истражувања за Паркисонова болест.

Карлос Слим – 6%

Сопственикот на најголемата телекомуникациска компанија во Јужна Америка на својата сметка има 67,1% милијарда долари и од нив четири милијарди се донирани во неговата филантропска организација којашто го носи и неговото име.

Мајкл Дел – 8,9%

Основачот на Dell од своите 22,7 милијарди долари има донирано 20,2 милијарди, најмногу во борба против сиромаштијата.

Бил Гејтс – 45,6%

Основачот на Microsoft, кој поседува 90 милијарди долари е на врвот на листата со донирани 41 милијарда долари. Тој заедно со неговата жена Мелинда ја основаа најголемата добротворна организација што ги носи и нивните имиња. Речиси половина од своето богатство, Гејтс го донирал за борба против сиромаштијата и за здравствени цели.

Фото: Facebook