Деспотовски незадоволен од платите во зоните – ќе се поттикнува продуктивноста

47

Директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони Јован Деспотовски не е задоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во зоните. Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите.

“Износот на државна помош за компаниите е позната на јавноста. Исто така, објавивме имиња и износ за компании кои добија помош. Не сум задоволен од платите, бидејќи како земја се обидуваме 20 години да донесеме компании кои ќе го зголемат економскиот раст. Така што, не планираме субвенции за ваквите компании. А ние ќе инвестираме во вештини и програми кои ќе ја зголемат продуктивноста на луѓето во самите компании, “  изјави директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски.