Деспотовски: С.Македонија нема да биде земја на евтина, туку на квалитетна и доброплатена работна сила

113

Првиот човек на Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски со поинаква и смела визија за начинот на “размрдување’’ на досегашната ситуација на не многу успешните обиди за привлекување странски инвеститори.

Водејќи се од логиката според која повеќе секогаш не значи и подобро, Деспотовски во интервју за Локално вели: “Наместо квантитет, отсега ќе се насочиме кон квалитет на инвеститори. Инвеститори што ќе донесат поголема додадена вредност во домашната економија, повеќе пари во Буџетот и повисоки плати за луѓето“.

Вели дека 2020 година ќе може да ја сметаме не за загубена, туку за година на подготовка и прилагодување.

Потсетува дека еден од основните предуслови е стабилната околина во која власта и опозицијата можат да седнат и да зборувааат за теми од интерес за граѓаните.

“Ваквата стабилност, нормална комуникација и однос ќе значат многу повеќе за инвестициите отколку 100 скапи кампањи што ќе ги платиме во странски медиуми’’, вели Деспотовски.

Во новите инвестиции кои влегуваат во земјите во регионот препознава само дополнителен поттик .

“Конкретно, влезот на јапонскиот Тојо тајрс во соседна Србија е навистина значаен, но е процес што бил во подготовка повеќе од три години. Мој личен предизвик е да донесеме ваков, а можеби и покрупен ’играч’ и во С.Македонија и за помалку од три ипол години“, посочува Деспотовски.

Додава дека Тојо тајрс во Србија ќе вработува над 550 лица, што е исклучително значајно, особено во период на заздравување од пандемијата. Но, две од компаниите присутни во С.Македонија – Костал и Гентерм, во услови на пандемија, креираа нови работни места за над 1.000 наши сограѓани.

Новина најавува и во третманот кон домашните компании и ставање крај на нивното маргинализирање. Со новиот пристап домашните компании ќе ги уживаат истите услуги, поддршка и привилегии како и странските.

Фото: Freepik