Дестинации на кои туристите (не)би се вратиле

180

Патувањата на различни дестинации, освен што се убав начин да се помине летниот или зимскиот одмор, тие се добри и за проширување на видиците, стекнување нови пријателства, запознавање на нова култура, традиција…

Порталот Bright Side направи листа на туристички дестинации, на кои туристите повторно би се вратиле или на места коишто никогаш повторно не би сакале да ги посетат.

Ова се местата, според рецензиите, на коишто туристите секогаш би се вратиле:

Бангкок, Тајланд

Овој град го посетуваат најмалку 25 милиони туристи годишно. Станува збор за град што изобилува со различности и што важи за место што никогаш не спие.

Виена, Австрија

Важи за еден од оние градови што нудат највисок квалитет на живот за своите граѓани. Австриската престолнина е мирно и пријатно место што наликува на музеј на отворено.

Сингапур

Важи за еден од најскапите градови во светот, но и покрај тоа е магнет за туристи од целиот свет.

Фиренца, Италија

Родниот град на Леондардо да Винчи, Микеланџело, Галилео и многу други и денес е привлечен за туристи од целиот свет. Проценките велат дека Фиренца секоја година ја посетуваат над пет милиони туристи.

Њујорк, САД

Големото јаболко секоја година “вдомува“ над 13 милиони туристи од целиот свет кои сакаат да ја видат убавината на Њујорк.

Неславната петорка на градови што на туристите не им останале во најдобро сеќавање се:

Париз, Франција

На овој град не му е потребна реклама, но и тоа можеби е пресудно што губи од шармот. Градот на светлината секоја година прима над 16 милиони туристи.

Њу Делхи, Индија

Има што да се види во овој град, но не одговара на барањата на просечниот турист. Па затоа, мал е бројот на туристи кои би сакале повторно да го посетат овој индиски град.

Венеција, Италија

Градот на каналите “мака“ мачи со огромниот број на туристи и постојано бара начин како да се заштити. Се верува дека пренатрупаноста од туристи, високи цени и незадоволно локално население се главните причини поради кои луѓето си заминуваат разочарани од овој град.

Санторини, Грција

Малиот егзотичен остров во јужниот дел на Грција, препознатлив по интересната архитектура, секоја година го посетуваат над пет милиони туристи. Поради тоа, многумина се разочаруваат.

Дубровник, Хрватска

Уште еден град што иако изобилува со природни убавини, историја, природа, култура… преголемата посетеност од туристи со го зема својот “данок“.

Фото: Pexels