Со доаѓање на вакцините против коронавирусот сè враќа надежта дека би можел да се врати животот како пред март минатата година. Порталот punkufer.hr пренесува кои се некои од најбезбедните одредишта за патување иако не постои 100% гаранција дека работите нема да се променат, имајќи ја предвид непредвидливоста на пандемијата.
Мадеира, Португалија
Иако бројот на заболени во Португалија е прилично висок, островот Мадеира во Атлантикот е една од најбезбедните дестинации. Властите на островот реагирале мошне брзо со цел да го заштитат локалното население, така што се забележани помалку од 1.000 случаи.
Монако
Државата што е позната како земја на богаташи, одлично се носи со пандемијата и има релативно мал број на заразени. Без разлика дали ќе сакате да се одморите на плажа или да влезете во некое од казината, сето тоа чини пари, бидејќи на цените во Монте Карло кризата не влијаеше.
Асос
Ова место е сместено на островот Кефалонија, а кој бара кристално чисто море, совршeна кујна и одличен поглед, тогаш Асос во Грција е одличен избор. Грчкиот премиер неодамна најави дека сите оние туристи со потврда за вакцини наскоро без проблем ќе може да влезат во земјата.
Фото: Pexels