Детали што можат да ја намалат цената на станот, без оглед на локацијата

190
living room in apartment

При купување стан, потенцијалните клиенти претежно бараат исполнување на следниве барања: да имаат “добра“ локација, соодветна цена, посакувана квадратура. Сепак, малкумина во моментот размислуваат за некои детали што подоцна може да бидат проблем.

Живееме во време кога обично купуваме стан за цел живот. Затоа е важно внимателно да го изберете вашиот дом. Покрај тоа, пандемијата донесе неколку значајни промени во глобалното општество.

На прво место, како потенцијален недостаток при купување стан е лифтот, односно неговиот недостаток. Лифтот не ви е многу важен во младоста – освен кога треба да преместите мебел, но тој е многу потребен во подоцнежните години.

Земете предвид дали купувате стан во таканаречени блок градби бидејќи дури и ако сопственикот на станот, односно инвеститорот, ви гарантира “стан со поглед“, тоа може да стане минато кога ќе се изгради друг објект околу вашата зграда. Никој не посакува да гледа во туѓ прозорец или ѕид на друга зграда.

Станот позициониран над гаражата исто така може да биде лошо оценет, дури и ако се наоѓа на топ локации во градот. На некои купувачи им пречи, според искуството на оние кои се обидуваат да го продадат станот. Тие се загрижени дека ќе има бучава наутро поради отворањето на вратата, и тие го опишуваат како “огромна маана“.

Еден од клучните инфраструктурни проблеми денес е наоѓање паркинг простор.

Кога купуваат стан, младите семејства помалку размислуваат за квадратни метри или функционалност, а повеќе за решавање на прашањето за домување што е можно поскоро, ако е можно финансиски “добро да поминат“ и да бидат во центарот на градот. Сепак, експертите апелираат дека времето на пандемијата донесе потреба за “вишок простор“ (за работа или некоја друга намена), како и дека четиричлено семејство треба однапред да отпише станови помали од 35-40 квадратни метри, бидејќи со текот на времето тие ќе натрупаат многу работи, играчки.мебел … Покрај тоа, минус е мала тераса, која генерално нема посебна функција.

Фото: Freepik