Технолошката компанија Huawei патентираше детектор што користи камери за да го следи нивото на стрес на возачот и автоматски да ја намали брзината или целосно да го запре возилото, пишува британски Телеграф.
Системот користи термални камери за да утврди промени во крвниот притисок, а во исто време камери го следат движењето на рацете на возачот. Доколку детекторот на Huawei забележи дека возачот го покажува “средниот прст“, возилото може да забави или целосно да запре.
Се очекува оваа технологија да се применува во сегментот “паметни“ возила во иднина.
Фото: Pixabay