Deutsche Bank ќе замени дел од своите вработени со роботи

41

girl-2181709_960_720

Фото: Pixabay

Главниот извршен директор на Deutsche Bank, Џон Крајан, најави дека банката е спремна да замени илјадници вработени со роботи, со цел да ги намали трошоците со помош на вештачка интелигенција, пишува The Independent.

Германската банка моментално вработува 97.000 луѓе, што за Крајан е претставува голем трошок, па затоа тој предлага замена на дел од нив со технологија што би придонела за поголема ефикасност во работењето.

Според него, банката премногу работи “рачно“ и можноста да се направи грешка е голема. Затоа е потребна автоматизација во работењето. Deutsche Bank пред две години најави дека ќе отпушти 9.000 вработени  и ќе престане да работи во 10 земји во светот, како дел од плановите за реконструкција. Досега банката има отпуштено 4.000 вработени.