Deutsche Bank: Надуена вредноста на биткоинот и на акциите на технолошките гиганти

54

Анкета објавена од Deutsche Bank, привлече големо внимание од учесниците на пазарот. Во неа учествуваа 627 учесници на финансискиот пазар (помеѓу 13 и 15 јануари), а 89% од нив веруваат дека некои сегменти на пазарот се “надуени“.

На врвот на оваа листа се биткоинот и акциите на американскте технолошки компании. Дури половина од учесниците на биткоинот му дадоа 10 од 10 во проценката на надуеност.

Повеќето инвеститори веруваат дека биткоинот, па дури и за производителот на електрични возила Тesla дека постои поголема веројатност да падне 50% следната година, отколку двојно да се зголеми.

Во последните 12 месеци, акциите на Теsla скокнаа за повеќе од 700%, додека цената на биткоинот во моментов е повеќе од 10 пати повисока отколку што беше во март минатата година.

Фото: Pixabay