Deutsche Post ја презема американската групација J.F.Hiblebrand

26

Deutsche Post објави дека ќе ја купи американската компанија за товарен поморски превоз J. F. Hillebrand Group за 1,5 милијарди евра за да го прошири логистичкиот капацитет во период на зголемена побарувачка.

Пандемијата предизвика недостаток на капацитети  за превоз на товар по морски и воздушен пат, така што цените на товарот нагло се зголемија, а дополнителен проблем се недостатоците на работна сила и прекините во сообраќајот, што ги натера бродовите да чекаат долго во пристаништата.

Глобалните синџири на снабдување се пред пукање поради Ковид -19 и природните катастрофи, што го загрозуваат протокот на суровини, делови и стоки за широка потрошувачка, предупредуваат компании, економисти и логистички експерти.

Deutsche Post DHL проценува дека американската компанија, ќе ги подобри нивните резултати.

“Аквизицијата на J. F. Hillebrand Group е единствена можност за Deutsche Post DHL Групацијата да го прошири својот бизнис на квалитетни поморски товарни услуги“, рече Мелани Крајс, финансиски директор на германската компанија.

Фото: Facebook