Deutsche Telekom објави партнерство со Evernote на 12 европски пазари

13

Deutsche-Telekom-company Deutsche Telekom и Evernote го проширија партнерството на 12 пазари во Европа, меѓу кои е и Македонија. Со Evernote, корисниците може да запишуваат прибелешки, да спојуваат веб страници, да прават исечоци од натписи, да прават списоци за работи што треба да ги направат, како и аудио снимки со нивните мобилни телефони. Корисниците на Дојче Телеком коишто ќе ја активираат апликацијата до 2 октомври 2014 година, ќе може да ја користат бесплатно 6 месеци со симнување преку он-лајн продавниците за апликации.
Корисниците коишто ќе ја искористат промоцијата ќе имаат придобивки и од напредните карактеристики, како што се зголемен upload капацитет од 1 GB месечно, оф-лајн користење на преносливиот компјутер (notebook) и забрзано вчитување на сликата. Премиум сетот со карактеристики вклучува и пребарување на документи, со што се овозможува пребарување на документи, презентации и табеларни пресметки со Evernote Notebooks, како и потсетници, коишто им овозможуваат на корисниците да бидат во тек со сите нивни лични и професионални проекти.
Апликацијата ќе биде претходно инсталирана на Android во портфолиото на мобилни телефони во првиот квартал од 2014 година. Верзиите на локалниот јазик се веќе достапни во Австрија, Унгарија, Холандија, Полска и Романија, додека верзијата на англиски јазик на Evernote е достапна за останатите пазари.
Дојче Телеком го промовира Evernote во Албанија, Австрија, Хрватска, Република Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Холандија, Полска, Романија, Словачка.
Компанијата ја претстави апликацијата во Германија во 2013 година. Во моментов, Evernote има над 4 милиони корисници во Европа.