Девет хобија што го “хранат“ вашиот мозок

159

Фото: Pexels

На стареење не е подложно само човечкото тело, туку и мозокот. За жал не секому му успева на стари години да го сочува помнењето, јасниот и бистар ум и интелект.

Дури и кај здравите возрасни личности, постои природно влошување на когнитивните функции. Меѓутоа, неурофизиолозите се убедени дека ако правилно се храните, водите активен начин на живот и ако посветите дел од времето на одредени активности, мозокот може да се развива и тренира и во староста.

Еве неколку предлози за хобија кои се интересни, и воедно многу корисни за развојот на мозокот. Изберете едно или повеќе и посветете му бар половина час дневно.

Медитација

Медитацијата го намалува нивото на стрес, крвниот притисок, го зајакнува имунитетот и ја подобрува концентрацијата. Само десет минути потполно опуштање ќе ви го врати одличното расположение и ќе му помогне на вашиот мозок да работи подобро.

Работа во градина

Градинарството е изненадувачки корисно хоби за вашиот мозок. Го намалува нивото на кортизол (хормонот на стрес), се полните со позитивна енергија, се гордеете со своите достигувања, работите физичка работа, го смалувате ризикот од деменција за 36% и поминувате повеќе време на свеж воздух.

Готвење

Студиите покажуваат дека луѓето кои готват, водат здрав живот. Покрај тоа, имаат можност да изберат максимално здрави производи и да уживаат во процесот на готвење што има благотворно дејство на состојбата на мозокот.

Читање

Читањето го учи вашиот ум да се фокусира, да ја развива фантазијата, ги подобрува аналитичките способности и го прави мозокот поактивен. Освен тоа, читањето е еден од најдобрите начини во борба со стресот (нивото на стрес се намалува за 69%)

Свирење музички инструмент

Свирење на некој музички инструмент допринесува за когнитивен развој, ја подобрува координацијата и фините моторички вештини. Како кај децата, така и кај возрасните свирењето на музички инструмент го зголемува и коефициентот на интелигенција – IQ.

Играње шах

Во текот на играњето шах се развиваат двете хемисфери на мозокот, се подобрува помнењето и се подобрува стратешкото размислување.

Танцување

Танцувањето не е само физички тренинг којшто го смалува нивото на стрес, туку и го зголемува нивото на серотонин (хормонот на среќа). Танцувањето е извонреден начин да се стане поинтелегентен, бидејќи за помнење и репродукција на различните комбинации на движења активно се вклучуваат сите области на мозкот.

Пишување

Водете дневник, или едноставно забележувајте ги своите мисли, идеи, цели итн. Тоа помага во решавање на голем број проблеми и служи како некој вид на механизам за ублажување на стресот.

Изучување на странски јазик

Изучувањето странски јазик ќе ве направи попаметни. Покрај тоа, можете да комуницирате со странци, да ја запознавате нивната култура. Сето тоа помага во намалување на ризикот од деменција.