Девет компании во трка за рудникот Трепча

36

trepcaДевет светски компании или конзорциуми конкурирале на тендерот за изготвување на план за реорганизација на рударско металурчкиот комбинат Трепча, објави Косовската агенција за приватизација, пренесуваат Новости.

Во соопштението стои дека тендерот предизвикал голем интерес меѓу странските компании, но не е прецизирано кои компании се пријавиле.

Компанијата што ќе биде избрана на тендерот ќе треба да состави план за реорганизација, да претстави варијанти за понатамошна работа на Трепча, да направи проценка на побарувањата на кредиторите и други неопходни акции.

Косовската агенција како главна причина за распишување на тендерот го наведува планот за реорганизација и напоменува дека тоа не подразбира приватизација ниту пак ликвидација.

Трепча е од специјално значење за развојот на земјата и дури по професионалната анализа ќе се одредат опциите за понатамошни процедури, како и различни методи за заедничко и комбинирано инвестирање, стои во соопштението, пренесуваат медиумите.