Девет милиони евра за Македонија за подобрување на енергетската ефикасност

13

getImageThumbnail Македонските приватни субјекти, јавни институции и општини можат да аплицираат за новата кредитна линија во износ од 75 милиони евра во рамки на регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Од нив во Македонија во декември, преку Охридска банка веќе се достапни 6 милиони евра, а до крајот на идниот месец и дополнителни 3 милиони евра. Досега до банката се поднесени една апликација и четири барања.
Минималниот износ на една кредитна линија е до два милиони евра за приватниот сектор, а за секоја успешна апликација се добива и грант од 5% до 10% од инвестицијата. Истото се однесува и за општините, каде грантот изнесува од 10% до 15%.
Од минатата кредитна линија на ЕБОР во Македонија, поддржани се 38 проекти во вкупна вредност од 12 милиони евра. Од нив 18 проекти се од областа на енергетската ефикасност, 16 проекти од обновливите извори на енергија, а четири проекти се комбинирани проекти од областа на енергетиката.