Дете гениј на само девет години следниот месец ќе стане најмладиот дипломец во светот.
Лорен Симонс, кој е роден во Белгија и живее во Амстердам, го започнал своето школување на четиригодишна возраст, а следните пет години ги комплетирал само за 12 месеци.
Лорен изучува електрично инженерство на Универзитетот за технологија во Ајдховен, Холандија и зборува четири јазици.
Тој планира да го продолжи своето школување, најверојатно на Оксфорд, а според родителите Лидија и Александар, неговиот талент бил забележан од баба му и дедо му.
Лорен има коефициент на интелигенција 145 и неговиот ментор вели дека е три пати попаметен од најпаметните деца што дотогаш ги учел.
Кога имал само шест години изучувал материјал за 16-годишни тинејџери, пишува Daily Mail.
Желбата на деветгодишниот гениј, кој доаѓа од фамилија на доктори е да создава вештачки органи, а го интересира и роботиката.
Фото: Pixabay