Деветте вештачки острови во Данска ќе “произведуваат“ обновлива енергија

96

Фото: Urban power

Данска неодамна објави дека планира да изгради девет вештачки острови како дел од најголемиот проект за мелиорација на земјиште во Скандинавија. Конструкцијата треба да започне во 2022 година и ќе се спроведе на површина од три милиони метри квадратни на 10 километри јужно од Копенхаген.

Името на проектот е Holmene, а зад неговиот дизајн стои архитектонската фирма Urban power, пишува Inhabitat. Освен за привлекување на инвеститори, деветте острови ќе вклучат и фабрика за производство на обновлива енергија, технолошки хаб, брана за заштита од поплави и ќе станат спортско рекреативна дестинација.

Био – отпадот и отпадните води од 1,5-те милиони жители во регионот ќе бидат процесирани во новата фабрика за претворање на отпадот во енергија, каде што од истиот ќе се добива чиста вода и биогас.

Заедно со ветерните турбини и останатите одржливи технологии, фабриката се очекува да произведува над 300.000 MWh обновлива енергија, или колку што користи четвртина од популацијата на Копенхаген.

Проектот ќе чини 425 милиони евра, се очекува да создаде 380 нови бизниси, да отвори 12.000 работни места, а комплетирањето е планирано да биде во 2040 година.