Девизни плаќања кон Турција и Србија со пониски трошоци преку Халкбанк

35

halkbank

Халкбанк на своите клиенти им овозможува да ги вршат девизните плаќања кон Турција и Србија по пониски трошоци.

“Намалете ги трошоците во девизниот платен промет со Халкбанк и тоа: ОУР трошоци за плаќање со дознака кон клиент во Србија, кој има сметка во Халкбанк Србија без провизија (вашиот партнер ја добива целата сума без трошоци за посреднички банки); ОУР трошоци за плаќање со дознака кон клиент во Турција, кој има сметка во Халкбанк Турција без провизија (вашиот партнер ја добива целата сума без трошоци за посреднички банки) и девизни приливи од клиенти од Халкбанк Турција и Халкбанк Србија без провизија“, стои во соопштението на банката.