
Девизните резерви на Русија на 1 ноември изнесуваа 539 милијарди евра, што е за 1,24 отсто повеќе од почетокот на октомври, објави денеска Банката на Русија (БР).
Како што се наведува во соопштението, во истиот период девизните резерви на Русија се намалени за 0,26 отсто, на 399,85 милијарди евра, а вредноста на монетарното злато во резерви се зголемила за 5,82 отсто, на 139,15 милијарди евра, пренесува ТАС.
Пред една година, на 1 ноември 2022 година, меѓународните резерви на Русија изнесуваа 511,96 милијарди евра.