Девизните резерви во август 3,4 милијарди евра или 105,9 милиони помалку во однос на јули

48

Вкупните девизни резерви на крајот на август оваа година изнесуваа 3.406.420.000 евра, што е намалување од 105,9 милиони евра во однос на претходниот месец (3.512.370.000 евра), покажуваат податоците на Народна банка.

На крајот на август минатата година, вкупните девизни резерви беа 3.031.460.000 евра или 374,9 милиони евра помалку од минатиот месец.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (81,7%), по што следуваат монетарното злато (10,8%) и валути и депозити со 7,5%.

Хартиите од вредност, заклучно 31-ви август оваа година, се позиционираа на 2.781.780.000 евра, што претставува намалување од 117,4 милиони евра во однос на јули годинава (2.899.200.000 евра), додека на крајот на август минатата година беа на ниво од 2.333.010.000 евра.

Монетарното злато во август имаше вредност од 366.980.000 евра или 5,9 милиони евра помалку во однос на јули (372.970.000 евра). Во споредба со август лани, кај монетарното злато има зголемување од 60,2 милиони евра, кога државното злато достигна вредност од 306.730.000 евра.

Валутите и депозитите во август изнесуваа 256.530.000 евра, еден месец претходно беа 238.620.000 евра, додека на крајот на август лани достигнаа 388.760.000 евра.

Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

Фото: Freepik