Девизните резерви во август зголемени за 104,5 милиони евра

19

Вкупните девизни резерви заклучно крајот на август оваа година достигнаа 3.031.460.000 евра, што е за 104,5 милиони евра повеќе во однос на јули, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

На крајот на август минатата година, вкупните државни девизни резерви се 2,6 милијарди евра.

Хартиите од вредност, што зафаќаат најголем дел од вкупните резерви, на крајот на август оваа година, беа на ниво од 2.333.010.000 евра. Еден месец претходно изнесуваа 2.360.400.000 евра или за 27,3 милиони евра повеќе во однос на август. Заклучно август минатата година, хартиите од вредност достигнаа вредност од 2.160.030.000 евра.

Валутите и депозитите на крајот на осмиот месец од оваа година се позиционираа на 388.760.000 евра, што е за 109,7 милиони евра повеќе во однос на јули (278.980.000 евра). Во август минатата година, валутите и депозитите имаа салдо од 306.230.000 евра.

Монетарното злато до крајот на август оваа година вредеше 306.730.000 евра или 22,3 милиони евра во споредба со јули, кога имаше вредност 284.400.000 евра, додека на крајот на август во 2018 година беше на ниво од 228.080.000 евра.

Фото: Pixabay