Девизните резерви во февруари пониски за 152.950.000 евра

18

Вкупните официјални девизни резерви на крајот на февруари, во однос на претходниот месец се намалени за 152.950.000 евра, покажуваат податоците објавени на Народна банка на Македонија.

Салдото на официјалните девизни резерви на 28.02.2015 година беше 2.330.740.000 евра, додека еден месец претходно беше на ниво од 2.483.690.000 евра. За споредба, во февруари минатата година вкупните девизни резерви имале вредност од 1.987.050.000 евра.

Од вкупниот износ на девизните резерви, на хартии од вредност на крајот на февруари отпаѓаат 1.846.250.000 евра, еден месец претходно беа во вредност од 1.989.060.000 евра, додека на крајот на февруари 2014 година биле 1.631.940.000 евра.

Вкупните валути и депозити на 28.02.2015 година имаа вредност од 245.310.000 евра, додека на крајот на јануари тие беа во висина од 245.760.000 евра.

Кога станува збор за монетарното злато, на крајот на февруари има намалување од 10.120.000 евра. Вкупниот износ на златото во тој период е 234.300.000 евра, додека на крајот на јануари во висина од 244.420.000 евра.