На крајот на јуни, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.031.100.000 евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 11,3 милиони евра, покажуваат податоците на Народна банка.
На крајот на јуни минатата година, салдото на официјалните девизни резерви беше 3,639.740.000 евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,2%) и на крајот на јуни имаа вредност од 2.870.180.000 евра, додека на крајот на мај беа 3.038.520.000 евра.
Валутите и депозитите учествуваат со 20,6% во вкупните официјални девизни резерви и на крајот на јуни достигнаа 831,8 милиони евра. За споредба, салдото на валутите и депозитите еден месец претходно им беше 634,5 милиони евра, а на крајот на јуни лани 285,6 милиони евра.
Монетарното злато во вкупните девизни резерви има удел од 8,1%, а на крајот на јуни имаше вредност од 327,5 милиони евра. Еден месец претходно државното злато чинеше 345,2 милиони евра, а на крајот на јуни лани 348 милиони евра.
Фото: Pexels