Девизните резерви зголемени за 25,6 милиони евра

17

Во третиот квартал од 2013 година девизните резерви на Македонија се на ниво од две милијарди 64 милиони и 800 илјади евра, што во споредба со претходниот квартал, претставува зголемување од 25 милиони и 600 илјади евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Во вториот квартал од годинава, девизните резерви биле на ниво од две милијарди 39 милиони и 200 илјади денари.

Споредбено со претходниот квартал, намалување е забележано кај хартиите од вредност, кои претходно биле на ниво од милијарда и 707 милиони и 800 илјади евра. Кај монетарното злато е забележано зголемување за 14,6 милиони евра. Скок од 29,8 милиони евра е регистриран кај валутите и депозитите.

Вкупните девизни резерви во истиот период минатата 2012 година биле на ниво од две милијарди 103 милиони и 600 илјади евра, додека една година претходно биле само над 1,8 милијарди евра.