Џеф Безос е побогат од Бил Гејтс

22

bezos

Фото: Facebook

Основачот на компанијата за онлајн продажба Amazon, Џеф Безос официјално стана најбогатиот човек во светот со имот вреден 105,1 милијарди долари, пишува Bloomberg. Пред Безос на врвот на листата на најбогати луѓе беше основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Акциите на Amazon пораснаа за 6,6% од почетокот на годинава откако беше објавено дека компанијата има удел од 89% во онлајн продажбата за време на празничната сезона.

Бил Гејтс, според проценките на Bloomberg, денес би имал 150 милијарди долари ако не давал дел од парите за хуманитарни цели изминатите години.

Безос, освен од Amazon, заработува и од весникот Washington Post и вселенската компанија Blue Origin.