Џеф Безос ќе донира 2 милијарди долари во добротворни цели

16

Сопственикот на Amazon и најбогатиот човек во светот Џеф Безос ќе инвестира 2 милијарди од своето богатство во фонд за хуманитарни цели, пишува BBC.

Фондот ќе се вика Day One, а ќе им помага на бездомниците и ќе отвори нова мрежа на основни училишта во заедници каде што луѓето имаат ниски примања. Истиот ќе биде поделен на два дела Day 1 Families и Day 1 Academies.

Безос беше критикуван за неговото мало вложување во добротворни цели, за разлика од големите суми и залагања на Ворен Бафет, Бил Гејтс и Марк Цукерберг.

Досега основачот на Amazon има донирано средства за помош на деца имигранти, во истражувања за ракот и во Универзитетот Принстон.

Фото Facebook