Џеф Безос продаде акции на Amazon вредни 1,1 милијарди долари

21

pari

Фото: Pexels

Извршниот директор на Amazon, Џеф Безос продаде акции од својата компанија во вредност од 1,1 милијарди долари.

Оваа продажба претставува 1,3% од вкупната сопственост на Безос во компанијата и 16,4% од акциите во малопродажба.

Безос, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, во април најави дека ќе продава акции од неговата компанија во вредност од една милијарда долари за да ја финансира Blue Origin, компанијата којашто се занимава со пронаоѓање на решение за испраќање на луѓето во вселената, пишува  Bloomberg.